fbpx

Музичкото училиште во Битола остана без греење на минус четири степени

-

Нижото музичко училиште во Битола денеска остана без греење. Радијаторите се ладни како мраз, а децата сепак останаа на настава. Родители се пожалија дека нивните шестгодишни деца морале да ги остават на час, облечени со јакни и завиткани со шалови и со капи, кога внатре во просториите температурата била околу два степени над нулата.

– Не знам како може среде грејна сезона да остане училиштето без греење. Ова може да се случи само во Македонија. Децета ни смрзнаа, стуткани седат во клупите, а надвор утринската е минус четири степени. Овде ни кажаа дека немало мазут. Професосрите нè уверуваат дека наставата ќе биде скратена. Но, и дваесет минути да се седи на толку ладно, навистина не е хумано – се пожалија родители на ученици во нижото музичко училиште во Битола.

Првиот човек на училиштето, Василчо Пецаковски, ја потврдува информацијата и вели дека проблемот настанал поради доцна објавениот тендер за набавка на гориво за парното греење.

– Поради промена на директорот во октомври, се задоцни со распишувањето на тендерот за набавка на мазут. Но, сега се прават сите напори до вечер или најдоцна до утре наутро да стаса мазутот и наставата да тече нормално. Денеска часовите ќе бидат скратени, само она што е непоходно ќе се сработи – вели директорот Пецаковски.

Ова државно училиште во Битола се финансира директно од Министерството за образование.

Во октомври годинава Пецаковски седна на директорското место во Државното музичко училиште во Битола откако претходно на оваа позиција беше вршител на должност. Пецковски вели дека проблем со греењето има само во зградата на нижото музичко училиште, додека во средното музичко училиште, кое е сместено на друга локација, во објекттите на гимназијата „Таки Даскало“, наставата се одвива нормално.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...