Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се употребуваат во филмови или театарски претстави, и било каков мултимедијален или иден креативен проект. Дури дозволува и правење ремикси и преуредување на песните. Моби најави дека ќе бидат додадени уште 1000 нови песни годинава, ова е неговата објава на YouTube.
Моби пред дваесетина години беше на врвот на електронската музика која тогаш се грубо се нарекуваше „Техно“ од лаиците, иако имаше уште тогаш многу различни правци на електронска музика. Неговите најпознати песни со кои достигна светска се Porcelain и Natural Blues. Во продолжение може да ги погледенете спотовите од тие песни:
Natural Blues:
Porcelain:
Овој потег на Моби воопшто не е маркетингшки трик за да заработи нешто со ова, туку го прави ова од добра волја како уметник-музичар. Иако може да заработува од своите авторски права, давање бесплатно волку музика зад која стои огромен труд и време е навистина великодушен гест.
Сите уметници-музичари што прават електронска музика се добро запознаени со сајберпанк правилото за интернетот дека “Секоја информација треба да бесплатна (слободна)” -”All Information Should Be Free”-затоа што Сајберпанкот е врзан со Електронската музика (“Техно” -називот доаѓа од “Технологија”) во постулатните контексти. Во духот на “Техното” Моби постапува според тоа што го застапува. И сето ова наиде на навистина добра рецепција и позитивни реакции.
