fbpx

Музалас: Идомени ќе се расчисти за еден месец

-

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, уверува дека кампот кај Идомени ќе се испразни за еден месец. Одговарајќи на пратенички прашања во грчкото собрание, во клима на неизвесност за неговото останување во владата, Музалас истакна дека бегалците ќе си заминат од кампот до крајот на следниот месец, без никакви проблеми и без да мора да се примени каква било полициска принуда.

– Во текот на следниот месец, Идомени ќе се распушти, фино и без проблеми – истакна Музалас.

Тој посочи дека кампот би можел да се расчисти и многу порано, меѓутоа се работи за деликатна ситуација која не може да се реши само со „магично стапче“. Сепак, Музалас уверува дека се работи на преместување на бегалците низ прифатни центри, бидејќи владата не сака да се создадат добри услови за живот на Идомени за бегалците да одлучат да останат таму на неодредено време.

Говорејќи за договорот меѓу Европската Унија и Турција, за реадмисија на бегалците од Грција назад кон Турција, Музалас забележа дека мора сите да го поддржат и да помогнат за да се оствари, а со тоа и да се реши бегалскиот проблем во Грција.

Информираше дека Грција секојдневно креира од 500 до 1.000 нови места за бегалците низ прифатните центри во целата земја и дека досега има сместувачки капацитети за 36.000 луѓе, кои сепак, ако се земе предвид дека во Грција има повеќе од 50.000 бегалци, сè уште не се доволни.

Реакциите и на опозицијата, но и на владејачката Независни Грци околу оставката на Музалас поради неговото именување на нашата држава како Македонија во телевизиско интервју полека стивнуваат, меѓутоа прашањето дали тој ќе остане во владата или не, сè уште е отворено.

Се чека денешното враќање на министерот за одбрана и прв човек на Независни Грци, Панос Каменос, за премиерот Алексис Ципрас со него да ја договори конечната одлука. Независни Грци остануваат на ставот дека поради инцидентот со Македонија, Музалас веќе не треба да е дел од владата, позиција со која не се согласуваат членовите на СИРИЗА.

Опозициската Нова демократија, која вчера имаше директна дискусија со Музалас во собранието, не го иницира одново барањето за негова оставка, но упати строга критика и кон неговата и кон работата на владата, воопшто при справувањето со бегалската криза.

– Не ѝ веруваме воопшто на владата дека може да го спроведе и онака тешкиот и нејасен договор – посочи потпаролот на десничарската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.

Кумуцакос упати удар под појас кон Музалас околу неговата изјава за Македонија, овојпат поради случајот со еден од турските набљудувачи на грчките острови, кој во пасошот имал печат од турскиот дел на Кипар.

– Се надевам дека нема во тек на говорот за него да речете дека е од Турската република Северен Кипар – посочи Кумуцакос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...