fbpx

Муслиманите денеска го слават празникот Курбан-бајрам

-

Верниците од муслиманска вероисповед, во земјава и во светот, денеска го прославуваат големиот муслимански празник Курбан-бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах, муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Оние кои принеле курбан – жртва, од месото потоа раздаваат на сиромашните, соседите, роднините и на пријателите.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, како доказ за солидарност и за благосостојба.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод празникот Курбан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

Во чест на празникот, едукативното здружение „Парими културор“ од Скопје, во соработка со Министерството за култура, денеска на плоштадот Македонија организираше настан на кој сите присутни имаа можност да пробаат традиционална баклава карактеристична за овој верски празик.

Првиот ден од Курбан-бајрам е неработен за верниците од муслиманска вероисповед во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...