Муижниекс: Општеството е длабоко поделено по етнички и јазични основи

-

Македонското општество останува длабоко поделено по етнички и јазични основи. Kрајно време е политичките лидери да осмислат стратегија за интеграција, за да ги надминат овие поделби. Ова е еден од заклучоците на комесарот за човекови права, Нилс Муижниекс, по петдневната посета на државата.

Тој им порача на македонските власти „да спроведат политики што поттикнуваат интеграција и разбирање помеѓу етничките заедници и промовираат социјална кохезија, истовремено штитејќи ја разновидноста.“

Муижниекс во извештајот оценил дека „мировниот договор што стави крај на меѓуетничкиот конфликт во 2001 довел до промени, како во областите на правичната застапеност на заедниците во јавните институции, децентрализацијата и употребата на јазиците, но социјална кохезија не била постигната.“

Комесарот бил особено загрижен заради растечката поделба помеѓу етничките македонски и етничките албански деца, кои, како што оценил „имаат малку можности да се среќаваат, да учат и да си играат заедно, бидејќи образовниот систем е поделен според наставниот јазик.“

„Сепарацијата раѓа недоверба, стереотипи и предрасуди. Децата се иднината и од клучна важност, во мултиетничко општество, е да им се даде можност и вештини да градат меѓусебно разбирање, почитување и толеранција. Наместо да ги држи разделени, образовниот систем треба да им обезбеди опкружување што овозможува и поттикнува интеракција“, оценува Муижниекс.

Тој апелираше до властите да разработат посистематски и долгорочни политики за да ја одбегнат сепарацијата помеѓу децата од различните етнички заедници во образовниот систем. Муижниекс апелираше да се промовираат можностите за учење на македонскиот јазик уште од рана возраст за сите деца, а албанскиот и другите немнозински јазици, во областите каде ваквите заедници живеат во значителен број.

Комесарот за човекови права, Муижниекс истовреме ја поздравил подобрената атмосфера во земјата за унапредување на човековите права и им порача на лидерите да го искористат овој момент за да постигнат вистинска промена, за сите припадници на македонското општество да можат да ги уживаат своите човекови права.

За време на петдневната посета тој имаше средби со претседателот, премиерот и министрите за правда, надворешни работи, труд и социјална политика, образование, министерот надлежен за спроведување на Стратегијата за Ромите, членови на Собранието, претставници на локални власти и невладини организации.

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка волја, усогласеност...

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Во април 2025 година, вкупните депозити на граѓаните (домаќинствата) достигнале 408.621 милиони денари, што претставува годишен раст од 12 отсто, соопшти Народната банка (НБРСМ). Овој пораст, како што велат од банјата,...

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Обвинителката Ленче Ристоска утрово на нејзиниот Фејсбук профил објави дека поради нејзината апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, станала мета на неосновани напади и клеветнички изјави. „Денес...

Хорор игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“ бесплатни на платформата Epic Games до четврток

Oваа недела Epic Games нудат две бесплатни хорор игри на промоција да се превземат до четврток. Се работи за игрите  „Dead Island 2“ и „Happy Game“. Двете игри се со експлицитни...

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка...