Муцунски – О’Брајан: Американска поддршка за земјава што поскоро да стане членка на ЕУ

Дискусиите, според министерството, се фокусирале на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на клучните области како што се регионалната безбедност, економскиот развој, доброто владеење и демократијата

-

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Дискусиите, според министерството, се фокусирале на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на клучните области како што се регионалната безбедност, економскиот развој, доброто владеење и демократијата.

Министерот Муцунски ја истакнал посветеноста на земјава за забрзан напредок во евроинтегративните процеси и ја истакна важноста од континуираната поддршка на САД за аспирациите на земјата.

„САД се наш значаен стратешки партнер и НАТО сојузник, што во континуитет го помага нашиот демократски развој и севкупен напредок. Во услови на променет геополитички контекст, посветено и заеднички работиме на зачувувањето на регионалната стабилност и безбедност. Во тој контекст, особено значајно е земјава што поскоро да стане членка на Европската унија, за што имаме безрезервна американска поддршка”, истакна Муцунски.

На средбата била реафирмирана и поддршката за Украина, како и заедничките заложби за зајакнување на сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, што ќе придонесе за понатамошно унапредување на целокупната трансатлантска стабилност.

Укинати лиценците за интернет коцкање, се чека нов закон за игри на среќа

Ограничувањето на игрите на среќа беше едно од базичните ветувања на коалицијата ВЛЕН за последните парламентарни избори. Изет Меџити, претседател на Демократското движење и член на коалицијата ВЛЕН, во...