Муцунски: Македонија ја предупредува Европската Унија за растечкото руско влијание

Муцунски предупреди дека кредибилитетот на ЕУ е во прашање и дека проширувањето е неопходно за да се спречи злоупотребата на руската пропаганда. „Постојат злонамерни актери кои сакаат да посочат со прст и да кажат: дали навистина верувате дека ЕУ е искрена во својата намера за проширување? Погледнете што им прават на Македонците,“ рече тој.

-

Разговарајќи за медиумот Еуроњуз, министерот за надворешни работи на РСМ, Тимчо Муцунски, ја истакна долгогодишната низа на „тешки компромиси“ што земјата ги направила на патот кон членство во Европската Унија. Нашата земја упати јасно предупредување за растечкото руско влијание на Западен Балкан, доколку ЕУ не се посвети брзо и јасно на проширувањето, пренесува Еуроњуз.

„Го сменивме нашето знаме, ја сменивме нашата валута, неколкупати го менувавме уставот, дури и го сменивме името на државата. Сето тоа со ветувањето за можност што ни беше кажано дека постои, ако ги направиме тие промени за да се движиме кон Европската Унија,“ изјави министерот Муцунски за Еуроњуз.

Муцунски предупреди дека кредибилитетот на ЕУ е во прашање и дека проширувањето е неопходно за да се спречи злоупотребата на руската пропаганда. „Постојат злонамерни актери кои сакаат да посочат со прст и да кажат: дали навистина верувате дека ЕУ е искрена во својата намера за проширување? Погледнете што им прават на Македонците,“ рече тој.

Поминати се 20 години откако Северна Македонија аплицираше за членство во ЕУ и доби кандидатски статус. Сепак, нејзиниот пристапен процес е блокиран поради споровите со Бугарија околу статусот на бугарското малцинство во земјата. Скопје бара институционални гаранции дека нема да има нови барања во иднина.

„Дали ова ќе биде последниот компромис? Ќе знаеме ли дека ако се направат овие уставни измени, за шест месеци, за една година, повторно нема да има вето поради билатерално прашање?“ посочи Муцунски.

Скопје се соочува и со обновени тензии со Грција во врска со името, откако некои министри одбиваат да го користат префиксот „Северна“ за државата, и покрај заклучениот Преспански договор со кој заврши тридеценискиот спор за името.

„Никогаш нема да можам да ви кажам дека сум среќен со Преспанскиот договор, дека верувам дека тој е добар, или дека верувам оти менувањето на името на една нација е правично, особено во 21-от век,“ рече министерот, додавајќи: „Но на крајот на денот, како министер за надворешни работи и како правник, разбирам дека принципот pacta sunt servanda – дека договорите мора да се почитуваат, особено во меѓународното јавно право – е фундаментален принцип.“

Освен билатералните проблеми со Грција и Бугарија, Европската комисија исто така посочи на ограничен напредок во зајакнувањето на судската независност и сериозни загрижености за корупцијата како пречки за почеток на пристапните преговори.

„Нашата влада е формирана пред помалку од една година и презеде многу директни чекори во борбата против корупцијата – како на високо, така и на средно и ниско ниво – воспоставувајќи систем на владеење на правото,“ рече Муцунски, додавајќи: „Но тоа не е нешто што можеме да го направиме преку ноќ.“

ИзворЕуроњуз

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...