Триесет и петгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил ограбен веднаш откако извадил пари од банкомат на подрачјето на Центар.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 6 август околу 18 часот во СВР Скопје, С.С. (35) пријавил дека околу 17 часот замолил непознато машко лице да му помогне при подигање пари од банкомат. Откако успеале да ги извадат парите, лицето со употреба на сила му ги одзело и побегнало од местото на настанот.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
