fbpx

МТСП прави анализи, можни се измени на Законот за исплата на пензии

-

Министерството за труд и социјална политика врши покомплексна анализа на состојбата во Пензиско-инвалидското осигурување во Македонија и на потребите од реформа во првиот пензиски столб. Од добиените анализи за две недели, ќе зависи и дали ќе има измени во Законот за исплати на пензии.

Ова следува откако Народниот правобранител информираше дека тројца пензионери се пожалиле на пониски пензии, односно ПИОМ им пресметал далеку пониски пензии од она што реално требало да го добијат и за тоа никој не ги предупредил.

Сепак, од министерството велат дека МАПАС телефонски ги контактирал граѓаните на кои не им се исплатело да членуваат во вториот столб и уште еднаш да ја разгледаат нивната одлука за тоа, дали остануваат членови на задолжителниот пензиски фонд.

– По почнувањето на имплементацијата на вториот столб во 2007 година, беше направена анализа и се утврди дека за некои осигуреници кои доброволно се зачлениле во вториот столб не е поволно да бидат таму, имајќи ги предвид нивната возраст и стажот – информираа од Министерството.

Кон крајот на 2006 година, од 126.000 членови, 60.000 биле на доброволна основа, а и покрај неповолноста да членуваат во вториот столб, мотивите биле различни.

Работната група во министерството треба да ја утврди состојбата во однос на членовите за кои членството во вториот столб не е поволно. Врз основа на резултатите од анализата, кои треба да излезат за две недели, можно е да произлезат измени на законските пензиски решенија, кои би се однесувале на поширока група осигуреници, кои, исто така, би можеле да бидат проблематични.

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека не очекуваат некои поголеми потреси во пензискиот систем, бидејќи сметаат дека не станува збор за голем број лица.

Просечната возраст на лицата кои се во вториот пензиски фонд е 34 години и првата помасовна група за пензионирање што би добивала пензија и од овој столб се очекува помеѓу 2025 и 2030 година.

Заклучно со 31 декември 2016 година, има 427.025 членови во вториот пензиски столб со средства од околу 781 милион евра. Во третиот пензиски столб членуваат околу 23.000 лица со средства од околу 16 милиони евра.

Денес 34 пензионери примаат пензија од двата столба.

Пресметките велат дека ако вработено лице десет години во континуитет примало 20.000 денари плата и е во двата пензиски столба, при што се уплаќа 2.200 денари, би имал 405.000 денари на сметката во вториот пензиски столб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...