МТСП изработи кампања за подигање на свеста за родово базираното насилство

Извор: Мрежа за медиумска писменост

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) подготви кампања за подигање на свеста за сите форми на родово засновано насилство, насловена „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“. Оваа кампања е дел од спроведувањето на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција).

Станува збор за шест изработени видеа, кои како телевизиски спотови ќе се промовираат во наредниот период и преку Мрежата на медиумска писменост. Во кампањата се вклучени актерките Емра Куртишова, Наталија Теодосиева и Сања Арсовска и актерите Генци Мирзо и Игор Ангелов во видеата.

Во продолжение ги споделуваме видеата од кампањата на МТСП: