Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од лекар специјалист за следните состојби:
- Хронични респираторни заболувања
- Тешки кардиоваскуларни заболувања
- Дијабет ТИП 1
- Малигни заболувања
- Имуно-компромитирачки состојби
Во наредните 14 дена ослободени од работа и работни активности се и бремените жени.
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе вчерашнаа седница за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).