fbpx

МТСП: До крајот на годината 60 отсто од децата извадени од институциите

-

Министерството за труд и социјална политика известува дека планот, ниту едно дете под 18 години во Македонија да не биде сместено во социјална установа до 2020 година, чекор по чекор станува реалност.

На крајот на 2018 година во нашите социјални установи ќе бидат сместени за 60 отсто помалку деца одошто во август 2017 година.

„Секое дете заслужува семејство и затоа го менуваме начинот на кој како држава се грижиме за децата кои имаат потреба од долгорочна социјална грижа, со ова на секое дете му овозможуваме услови за правилен раст и развој, што е основно човеково право“, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Од МТСП информираат дека од повторното интензивирање на деинституционализацијата во август 2017 година, вкупно 161 дете претходно сместени во социјалните институции се згрижуваат надвор од установите.

„Во Специјалниот завод Демир Капија веќе нема ниту едно дете под 18 години, а децата сместени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“ се згрижени во пет мали групни домови во Скопје. До крајот на првото училишно полугодие, сите 30 деца моментално сместени во Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“, исто така, засекогаш ќе ја напуштат установата и ќе живеат во мали групни домови во Скопје и во Штип или во згрижувачки семејства во Скопје. За сите институции е воведен административен мораториум на приемот на нови корисници, со исклучок на Домот за доенчиња и мали деца Битола којшто обезбедува згрижување на новороденчиња“, информираат од МТСП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...