fbpx

МТСП: 10,8 милиони евра на располагање на општините за развој на социјални услуги

-

Министерството за труд и социјална политика ги повикува општините коишто претходно на јавен повик изразиле подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво, да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот.

„Една од главните цели на Проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од пет години. Приоритетни социјални услуги коишто ќе бидат финасирани се: услугите во домот-лична асистенција и помош и нега во домот, како и услугите во заедницата-дневни услуги/дневни центри и поддржано живеење“, се вели во соопштението на МТСП.

На општините коишто ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на компанија ангажирана за таа цел во рамките Проектот, како и поддршка од страна на лицата ангажирани во рамките на проектната единица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...