fbpx

„Мрежата“ на Вучиќ на Твитер напаѓала опозиција и твитала вести од „Ало“ и „Информер“

-

Повеќе од 43 милиони твитови биле споделени од мрежата Твитер профили што служела како поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ и владејачката Српска напредна партија. Најголемиот број профили од таа мрежа што компанијата Твитер ги отстранила во јануари и февруари се појавиле во средината на 2018 година, пишува српскиот сервис за проверка на фактите Istinomer.rs.

Освен што ретвитнувале објави од официјалниот Твитер профил на Александар Вучиќ, во голем број споделувале и вести на српските весници, портали и телевизија „Информер“, „Пинк“ и „Ало“, но и ја напаѓале опозицијата.

Твитер отстранил 8.558 профили од Србија поради промоција на владејачката странка и нејзиниот лидер и шеф на државата.

„Ваквото однесување ги крши нашите правила и укажува на обиди да се потцени јавната комуникација“, се објаснува во твитот од официјалниот профил кој ги информира корисниците за безбедносни прашања.

Откако ги изгаснал профилите, Твитер ги споделил податоците со Центарот за кибер политики на американскиот универзитет Стенфорд, кој направил детална анализа.

Таа утврдила дека профилите биле користени првенствено за поддршка на Александар Вучиќ и Српската напредна партија, зголемување на достапот на медиумските содржини со врска со Вучиќ, како и за напади на опозицијата.

Од споменатите 8.558 Твитер профили, биле објавени повеќе од 43 милиони твитови, од кои преку 85 отсто биле пресподелување туѓи твитови.

Најголемиот дел од овие „ботови“ се појавиле во средината на 2018 година, пред протестот „1 од 5 милиони“’. Анализата покажала и дека профили што постоеле и во 2009 година, во погореспоменатиот период почнале да твитуваат многу поинтензивно од претходно.

Уште една тактика што се користела е оставањето критички и негативни коментари на опозициските партии и политичари. Така, профилот на Драган Ѓилас бил споменат и коментиран 342.000 пати, вклучувајќи тука и ритвитови, профилот на Сојуз за Србија 310.000 пати, додека профилот на Вук Јеремиќ 235.000 пати.

Istinomer.rs потсетува дека со погоренаведеното се покажува оти одговорот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прашањето на новинарката од „KRIK“ во врска со избришаните Твитер профили – „На Твитер не сум, да бидам искрен“ е неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...