fbpx

Мрежа против хомофобија и трансфобија: Има ли предрасуди во (на)постапувањето на обвинителството?

-

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), во понеделник, 29 ноември 2021, со почеток во 11 часот, на платото пред Јавно обвинителство ќе одржи прес конференција и протест за (не)постапувањето на ОЈО за нападите врз ЛГБТИ активистите.

Како што велат оттаму, цели седум години по насилничкиот напад во Дамар за време на роденденот на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Јавното обвинителство деновиве до нив доставило, „благо речено, срамен на поднесената кривична пријава, наведувајќи дека не располага со технологија за распознавање на лицата кои се снимени како го вршат нападот“.

„Девет години по нападот врз ЛГБТИ Центарот во Старата скопска чаршија, сѐ уште немаме никаков одговор од обвинителството. Нема никаков одговор и за три други напади насочени кон ЛГБТИ заедницата, а мотивирани од предрасуди, нетрпеливост и омраза“, велат од НМХТ.

Тие прашуваат кого штити обвинителството? Дали има одредени групи и поединци за кои не смее да се постапува? И дали има одредени групи, како што се социјално маргинализираните, ЛГБТИ лицата или жените-жртви на сексуално насилство, кои практично немаат никаква заштита од обвинителството и честопати се подложени на двојна виктимизација токму од страна на институциите.

„Ова не е прва реакција на граѓанските организации за работата на обвинителството, но со оглед на немањето слух и отсуството на промени во дејствувањето, нема да биде ни последна“, велат од НМХТ. Тие сметаат дека недовербата на граѓаните во системот и вкупната состојба со владеењето на правото, во голем дел се должи токму на потфрлувањето на обвинителските органи да ја извршуваат својата надлежност доследно и професионално.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...