fbpx

Можни казни за пропуштање „Мој термин“

-

По воведените низа мерки со кои министерот за здравство, Никола Тодоров, ги дисциплинира лекарите, сега, како што најави, сака да ги дисциплинира и пациентите, но во нивен и во интерес на целиот здравствен систем. Причината за ова е бројката на закажани, а не искористени термини за преглед, на кои не се појавиле 420.000 граѓани од почетокот на годината. Досега таа бројка изнесува повеќе од 672.000, имајќи предвид дека некои од пациентите закажале, а не дошле на повеќе од два термини.

– Висината на штетата од тоа што 45.000 пациенти закажале, а го пропуштиле терминот е 13 милиони денари за еден месец, односно 217.000 евра – истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

Тој презентираше примери од високо развиените европски земји како што се Германија, Белгија, Шветска и Канада, каде како казна за неоткажување на закажан термин, следниот преглед на кој ќе се појави пациентот и да е бесплатен, се плаќа приватно, а во Данска , глобата изнесува до 70 евра. Но, министерот Тодоров вели дека не е целта македонските пациенти да се санкционираат парично, туку во јавноста да се отвори дебата за непочитувањето на „Мој термин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...