fbpx

Можна трговија со украински деца, Литванија отвори истрага за сомнителни посвојувања

-

Литванските власти покренаа истрага за трговија со 43 украински деца за посвојување, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, во своето обраќање во пленарната сала на Европскиот парламент.

Таа ја повтори опасноста од таква трговија со луѓе во услови на долготрајни воени дејствија.

„Околу два милиони деца избегаа од Украина. Многу деца сега се соочуваат со нова опасност“, рече Јохансон додавајќи дека сè уште нема потврдени случаи, но од горко искуство се знае дека опасноста е реална.

Еврокомесарката истакна дека од почетокот на војната армијата на Путин убила 158 деца и тоа не треба да остане неказнето. Нагласувајќи ја важноста на улогата на УНИЦЕФ, Евроџаст и Европол, кои работат на превенција од трговија со деца, таа рече дека треба да се знае судбината на секое дете.

„Треба да знаеме каде се овие деца – сите 2 милиони. Ниту едно дете не може да исчезне“, рече Јохансон.

Според неа, исто така, треба да се регистрираат и давателите на домување и транспорт за бегалците знаат кој е безбеден и кому можат да му веруваат.

УНИЦЕФ: Повеќе од 1,5 милиони деца ја напуштија Украина, голем ризик од експлоатација, злоупотреба и родово насилство

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...