fbpx

Можен е договор меѓу САД и Русија за повлекување на бунтовниците од Алепо, смета Лавров

-

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека е уверен оти Москва и Вашингтон можат да постигнат договор на неделните разговори за повлекување на сите бунтовници од источниот дел на Алепо во Сирија.

Кога ќе се постигне договор, сите бунтовници кои одбиваат да го напуштат опколениот град ќе бидат третирани како терористи, нагласи Лавров и додаде дека Русија ќе ги поддржува операциите на сириската војска против оние кои ќе останат.

Русија и САД утревечер или в среда наутро ќе ги почнат разговорите за повлекување, а консултациите се одложени на барање на САД, рече Лавров.

Тој објасни дека американските и руските експерти прво ќе се договорат за рутите и за временската рамка за повлекување на бунтовниците од источен Алепо, а дури потоа ќе разговараат за примирјето кое треба да стапи на сила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...