fbpx

Мотивот за нападот во Лас Вегас сè уште е непознат

-

Сè уште не е познат конкретниот мотив за пукањето во Лас Вегас во кое загинаа 58 лица, соопштија американските власти.

Полицискиот претставник, Кевин К. Мекали, соопшти дека се откриени нови детали од истрагата, наведувајќи дека властите го истражувале приватниот живот на напаѓачот Стивен Педок, неговата политичка ориентација, економската ситуација и каква било друга потенцијална радикална црта.

Мекали наведе дека властите се запознаени со тоа дека Исламска држава ја презела одговорноста за нападот, но засега нема докази дека организацијата е поврзана со случајот.

Педок во неделата уби 58 лица, пукајќи од 32. кат на хотелот „Менделеј Беј“ во Лас Вегас.

Според изјавите на властите, Педок се самоубил пред полицијата да се појави во неговата хотелска соба.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, но нема докази дека Педок бил поврзан со радикален исламизам. Полицијата смета дека дејствувал сам.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...