Семејно и групно гласање, проблеми предизвикани од неовластени лица, фотографирање гласачки ливчиња биле забележани на неколку избирачки места до 13 часот, од страна на набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“.
„На гласачко место 1471, село Дебреште, општина Долнени, забележани се девет случаи на семејно гласање, при што се злоупотребени 27 гласа. Дополнително, на ова место се забележани два случаи во кои лицата кои им асистирале на гласачите, кои не можеле да гласаат сами, не биле заведени во дневникот од избирачкото место. Во истата општина, но на гласачко место 1472, забележани се девет случаи на групно гласање, во кои се злоупотребени 20 гласови“, известија од „Мост“.
Во општина Шуто Оризари, неовластено лице агитирало на гласачко место, а имало и фотографирање на гласачко ливче.