„Мост“: Прегласувањето во Теарце помина мирно, но со технички поблеми

-

Прегласувањето на избирачкото место 2.011 во Теарце помина во мирна атмосфера, со различна динамика во одзивот на гласачите, кој опадна во последните часови пред завршувањето на гласањето, се вели во прелиминарната изјава на граѓанската асоцијација „Мост“, која со двајца набљудувачи и со два мобилни тима го следела прегласувањето.

„Мост“, како што стои во изјавата, ја следела и ситуацијата во периодот од поништувањето на резултатите од гласањето на 11 декември до прегласувањето, која е оценета како мирна и без инциднети, но со регистриран обид за поткуп, односно поднесена е кривична пријава против две лица, кои на гласачите во Теарце им нуделе поткуп за да не излезат да гласаат.

„Во текот на денот (вчера, во текот на прегалсувањето, н.з.) беше забележано зголемено присуство на полицијата околу гласачкото место. Околу 9 часот беше забележано дека УВ-ламбите не работат, па гласањето беше прекинато во период од 15 минути за да се набават нови, по што истото продолжи. Во понатамошната постапка на гласање и сумирање на резултатите на самото избирачко место не беа забележани нерегуларности“, стои во прелиминарната изјава на „Мост“.

Според граѓанската асоцијација, општинската изборна комисија од Теарце имала проблем при составувањето на записникот број 21 за сумирање и за утврдување на резултатите од гласањето на лицата кои своето избирачко право го оствариле во казнено-поправните установи. Ваков проблем бил констатиран и на изборниот ден на 11 декември во повеќе општински комисии.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...