fbpx

Монт Еверест стана голем контејнер

-

Повеќе од 700 алпинисти, туристи и високогорски водичи Шерпаси, кои секоја година минуваат повеќе од два месеци на падините на Еверест во текот на сезоната за искачување, оставаат зад себе големи количества секаков отпад, меѓу кој и измет, а проблемот сè уште не може да се реши бидејќи дури минатата година е донесен пропис, според кој, секој што се враќа од Монт Еверест мора да врати најмалку осум килограми отпад, вклучувајќи го и горенаведеното, пренесе „Порта3“.

Непалската влада има намера да ги заостри прописите за да се исчисти планината и да се доведе во беспрекорна, недопрена состојба на снежната убавина како во времето кога во 1953 година Хилари и Тензинг првпат стапнаа на врвот. Од почетокот на оваа сезона, ќе се следи грижата за отпадот на сите учесници, а ќе мораат да платат и 4.000 долари депозит.

Првите освојувачи останале занемени од „најосаменото место на светот, ледената пустина без кислород, сместена речиси на 9.000 метри надморска височина“. Но денес, сите стандардни рути за освојување на врвот се пренатрупани со отпад. Најголем дел од овој отпад го собираат висинските носачи во вреќи и го пренесуваат во ископана јама во близина на едно село, на 4.900 метри надморска височина.

Во последните 62 години, повеќе од 4.000 луѓе  го освоиле врвот. Тие што успеале, но и оние што не успеале и чиј број е далеку поголем, поминуваат во просек два месеци на планината, постепено се аклиматизираат и напредуваат од базниот до јуришниот логор пред врвот. Метежот, па така и загаденоста се најголеми околу базниот логор, но тој отпад е полесно да се транспортира во долината. Состојбата е најкритична на висинските логори, каде целиот отпад најчесто останува трајно на планината.

Од 2008 година, за чистотата на Еверест се грижат доброволци, учесници во експедициите на кои третирањето на отпадот им е единствена грижа. Отпадот веќе станува и здравствена закана за учесниците во експедициите. Многумина признаваат дека топењето на снегот и превривањето на водата за пиење не се веќе сигурни методи. Од една страна, снегот е загаден со фекалии, а од друга страна, пак, и превривањето со оглед на пониската температура на вриење на тие височини не е доволно за уништување на бактериите и на другите загадувачи.

Една група непалски уметници неодамна собрале 1,5 тон ѓубре од Еверест, вклучувајќи и делови од срушен хеликоптер. Овој отпад го преобразиле во 74 уметнички дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...