МОН со честитка за Меѓународниот ден на образованието: Да создадеме здрав и квалитетен воспитно-образовен систем

Оттаму додаваат дека оваа година, со најголем буџет досега, со речиси 40 милијарди денари ќе вложуваат во сите сегменти од образованието

-

Министерството за образование и наука им го честита Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите и на сите на кои образованието им е важен дел од животот и ги повикува да учествуваат во процесите на градење здрав воспитно-образовен систем, кој ги пресретнува барањата на времето во кое живееме.

„Нашите деца имаат право на квалитетно образование и тие заслужуваат да направиме многу повеќе, за да им овозможиме да се развиваат како нивните европски врсници,“ пишува во соопштението.

Оттаму додаваат дека оваа година, со најголем буџет досега, со речиси 40 милијарди денари ќе вложуваат во сите сегменти од образованието.

„Нашите заложби се темелат на уверувањето дека Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, со квалитетни знаења, широки погледи и демократски капацитет, подготвени за борба на мислења, изградени низ системот на образование како личности со вредности. Министерството и Владата можат да направат многу, но за да го направиме исчекорот што ни е потребен кон создавање квалитетно образование, треба сите заедно, секојдневно да придонесуваме за безбедни училишта, поддршка за учениците, градење култура на дијалог, развивање емпатија, истакнување на моралните вредности. Да им овозможиме на децата да растат и да се образуваат во средини каде можат слободно да ги споделат своите видувања. Денешните ученици се иднината на оваа земја. Вложувајќи во нив, придонесуваме за нивниот просперитет, но и за заедничкиот напредок,“ стои во честитката од МОН по повод Меѓународниот ден на образованието.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...