fbpx

Ќе се реализира проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“

-

Министерството за образование и наука информира дека во тек е реализацијата на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој е дел од програмата за работа на Владата на Република Македонија и чијашто единствена цел и фокус се учениците, нивното правилно насочување и придонес кон социо-културолошкиот развој, преку факултативна интеракција и преку дружење со родителите и со наставниците.

Проектот, се вели во соопштението од МОН, овозможува зајакнување на врската родител – ученик – наставник, што, пак, значи зајакнување на воспитната компонента преку заеднички активности во училиштето, односно преку организирање спортски, културни, забавни и едукативни активности.

„Активностите кои ги предлагаат Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и кои не се задолжителни, се организираат во вид на отворени денови во работната недела или викенди исполнети со соодветни активности, како, на пример, организирање спортски натпревари меѓу екипи составени од ученици, родители и од наставници, како и мешани екипи, организирање на музички настани, еколошки денови, заеднички излет на родителите, наставниците и на учениците во некое околно место на училиштето, организирање базари по повод одредени празници, заеднички посети на национални музеи, галерии и слично“, стои во соопштението.

Одлука за тоа кога ќе се реализира одредена активност, се вели подолу во соопштението, носат училиштата, во договор со родителите кои прифатиле да дадат поддршка и да се приклучат на овие факултативни активности.

„За Владата на Република Македонија и за Министерството за образование и наука, најдобрите интереси на децата се врвен приоритет и токму затоа, овој проект, кој како практика постои, се применува и дава позитивни резултати во многу од земјите со високо развиени образовни системи, се имплементира и во нашата земја. Интересот е голем и се потврдува со големата вклученост на учениците, родителите и на наставниците во бројните, веќе реализирани активности“, стои во соопштението од МОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...