fbpx

МОН: Процесот на признавање странски дипломи и образовни квалификации отсега ќе се спроведува и електронски

-

Процесот на дигитализација на образованието како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и Министерството за образование и наука (МОН) со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор, меѓу другото подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните, информираат од МОН.

„Во таа насока, МОН подготви акциски план кој предвидува промена на начинот и поедноставување на постапките преку кои граѓаните можат да се обратат за да добијат одредена услуга со цел остварување на одредено право. По конкурсите за стипендии, се дигитализира и постапката за признавање на образовни квалификации од основно, средно и високо образование стекнати во странство. За таа цел, изготвени се електронски услуги преку кои ќе може да се поднесува барање за нострификација и еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно постоечките правните прописи, а воедно и ќе се врши електронско плаќање. Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука,“ се вели во соопштението.

Кон електронските услуги може да се пристапи преку Националниот портал за е- услуги www.uslugi.gov.mk, со едноставно пребарување.

„Процесот на дигитализација на оваа услуга е реализиран со поддршка од Центарот за управување со промени и Британската амбасада во Скопје, како партнери на МОН и воопшто на Владата во насока на унапредување на стандардите во сите општествени сегменти, вклучително и во унапредувањето на услугите кои институциите на системот ги нудат на граѓаните. Интеграцијата на услугите на порталот uslugi.gov.mk беше извршена во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...