Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) ги известува сите студенти кои го испуштиле рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 1 до 5 ноември, дека има дополнителен рок за пријавување за оваа намена, и тоа од 13 до 16 ноември.

„Кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на e-uslugi.mon.gov.mk, преку која се пријавуваат за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк“, информираат во МОН.

Оттаму додаваат дека сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат парите во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле за правото на студентски оброк.

Секој кандидат кој има прашања во врска со студентскиот оброк, може да се обрати во Секторот за ученички и студентски стандард на [email protected].