fbpx

МОН ги повика наставниците да дадат предлози за новите наставни програми

-

Министерството за образование и наука ги повика наставниците од одделенска настава да достават предлози и коментари за новите наставни програми што се подготвуваат во основото образование.

„За да создадеме што е можно подобар и поквалитетен образовен модел, сакаме да го слушнеме гласот и мислењето на лицата кои се секојдневно вклучени во образовниот процес, наставниците. За таа цел, Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми за прво одделение“, стои во соопштението на МОН.

Предлозите и коментарите наставниците, како што информираат од МОН, можат да ги достават на мејл-адресата [email protected] , а, исто така, можат да ги достават и до архивата на Министерството за образование и наука (улица Св. Кирил и Методиј бр. 54).

Од Министерството велат дека наскоро очекуваат да ги добијат и новите наставни програми за второ и трето одделение.

Новиот образовен модел го подготвува Работна група која се состои од експерти во областа, професори од Филозофскиот и од Педагошкиот факултет, но и практичари во областа, односно наставници кои работат со деца од прво до трето одделение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...