МОН ги објави листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје

Студентски дом Гоце Делчев
Студентски дом „Гоце Делчев“, Скопје / фото: Мета.мк, архивска фотографија од 06.09.2021 г.

Министерството за образование сношти ги објави листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје за студиската 2021/2021 година. Тие можат да се погледнат на следниот линк.

Следен чекор за оние што добиле место во студентски дом е да потпишат договор со студенткиот дом, по што ќе можат да се вселат. Одовој договор треба да се потпише најдоцна 10 дена од денот на објавата на резултатите (01.10.2021 г.).

„Приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 8 октомври 2021 година“, соопштија од МОН додавајќи дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4.10.2021 година.

Аплицирањето за сместување во студентски домови годинава за прв пат се спроведе електронски, со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk , а за оние кои немаа можност електронски да аплицираат, како опција на располагање беше и доставувањето на документацијата директно во студентскиот дом.