Молдавија гласа на претседателски избори и референдум за ЕУ

Според анкетите, прозападната актуелна претседателка Маја Санду има удобно водство пред нејзините десет ривали. Изборите се одбележани и со обвинувања за наводно руско мешање

-

Молдавците денеска гласаат на претседателски избори и референдум за ЕУ во клучен момент што може да ја зајакне желбата на земјата да се приклучи кон блокот.

Анкетите покажуваат дека прозападната актуелна претседателка Маја Санду има удобно водство пред нејзините десет ривали на гласачкото ливче, иако трката ќе оди во втор круг на 3 ноември, доколку не успее да го достигне прагот од 50 отсто за да победи целосно, пишува Ројтерс.

Според анкетите, Санду во вториот круг најверојатно ќе се соочи со Александр Стојаногло, поранешен обвинител поддржан од традиционално проруската партија на социјалистите.

Санду се надева дека ќе види убедливо „Да“ на референдумот, кој ќе одлучи дали во уставот да се вметне клаузула што го дефинира пристапот во ЕУ како цел.

Сепак, пет од претседателските кандидати на своите поддржувачи им порачаа да гласаат „Не“ или да го бојкотираат референдумот, велејќи им дека тајмингот на референдумот е измама за да се засили позицијата на Санду на изборите.

На референдумот е потребна излезност од најмалку една третина од лицата во избирачкиот список за тој да се смета за валиден, иако листите не се ажурирани со години, и покрај тоа што многу Молдавци емигрирале.

Претседателската и кампањата за референдумот беа во сенка на обвинувањата за мешање во изборите. Полицијата во Молдавија го обвини Илан Шор, пребеганиот тајкун кој живее во Русија, дека се обидел да исплати мрежа од најмалку 130.000 гласачи да гласаат „Не“ на референдумот и да поддржат конкретен кандидат.

Шор, кој беше осуден во отсуство за измама и кражба и е под санкции на Западот, отворено понуди да им плати на Молдавците за да ги убеди да гласаат „Не“. Тој негира дека сторил нешто лошо и вели дека парите се негови.

Во пресрет на гласањето, државното радио во Кишињев објави реклами во кои им се кажува на луѓето да не гласаат за пари и бараат од нив да ги пријават сите такви понуди до властите.

Претходно неделава, молдавските институции соопштија дека откриле програма во која стотици луѓе биле однесени во Русија за да поминат обука за организирање граѓански немири.

Русија негира дека се меша во Молдавија и долго време ја обвинува тамошната влада за „русофобија“.

Од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Молдавија се менуваше меѓу прозападните и проруските курсеви. Врските со Москва се влошија откако Санду дојде на власт во декември 2020 година. Нејзината влада ја осуди руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...