fbpx

Могерини: Вратите на Европа не смеат да останат затворени

-

Еврокомесарката за надворешни работи и за безбедносна политика, Федерика Могерини, оцени дека Европа се соочува со најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна, но вратите на Европа не може да останат затворени за бегалци, бидејќи, како што рече, ако тоа се случи, „повеќе нема да сме Европа“.

„Ниту една земја“, посочи Могерини, „не беше во можност да се справи со овие предизвици и секоја земја мора да го исполни својот дел, во заедничкото надминување на предизвикот“.

– Потребен ни е одговор од ЕУ, кој бара соработка на највисоко ниво на членките на Унијата со нивните партнери. Ние сме подготвени да ја зголемиме нашата поддршка и финансиска помош и на нашите партнери да им помогнеме за понатамошното градење капацитети, зајакнување на граничната контрола и борбата против синџирот на трговија со луѓе. Исто така, важно е нашите партнери да го направат својот дел за надминување на кризата – рече Могерини, во напис објавен во дневниот весник „Стандард Виена“.

Премногу често, според еврокомесарката, европската дебата за миграција била поврзувана со припишување вина.

– Наместо да си ја припишуваат вината, треба да се работи на заедничко решение. Ова не може да биде одложено поради тоа што животот и достоинството на луѓето се загрозени. Многумина бегаат од војна, од сиромаштија. Не станува збор за отворање на границите на ЕУ, но ние имаме одговорност за овие луѓе. Вратата на Европа не може да остане затворена за бегалци. Ако тоа се случи, ние веќе не сме Европа – рече Могерини, додавајќи дека надминувањето на кризата ќе биде важен тест за земјите на ЕУ, но и за земјите од Западен Балкан и за нивната европска перспектива.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...