Министерството за животна средина и просторно планирање (МОЕПП) и Државниот инспекторат за животна средина соопштија дека почнале со ненајавени инспекции кај инсталации со А интегрирана еколошка дозвола. Како што велат оттаму, ваквите активности се дел од Акциски план на владата за намалување на загадувањето на воздухот.
Ноќта на 29 ноември, во периодот од 18:30 до 23.30 часот, три посебни тима извршиле надзор на 11 инсталации, меѓу кои и Макстил, Цементарница, Те-То, ЕСМ Топлана Исток-ЕСМ ТопланаЗапад, ЕСМ Когел и Либерти Македонија, потоа ЕСМ Енергетика, БАУЕР и ЈП Улици и Патишта, кои во моментот на надзорот не работеле. Скопски легури, пак, како што посочува МОЕПП, не работи повеќе години.
„При инспекциите се изврши контрола на режимот на работа на инсталациите, емисиите во амбиенталниот воздух и фрекфенцијата на мерење“, велат од МОЕПП.
На посетените инсталации им биле дадени препораки да ги зголемат зелените површини што дополнително ќе го подобрело квалитетот на водухот.
Од МОЕПП посочуваат дека дел од инсталациите веќе имале преземено бројни активности за почист воздух.