Модниот викенд Скопје со интересна кампања на социјалните медиуми

Модниот викенд Скопје најавува познати имиња, нови таленти и странски гости за десетгодишнината од почетокот, а тимот на модниот викенд оваа сезона настапува со многу интересна промотивна кампања на социјалните медиуми.

Дел од кампањата се видео сториите на лица од модниот свет кои одговараат на интересни прашања како што се „Омилена модна декада“ и „Парче облека кое има почесно место во твојот гардеробер“. Овие видео стории се зачувани и може да се видат во highlights на нивниот инстаграм профил @fashionweekendskopje

Друг дел од кампањата беше составен од несекојдневна покана за настанот која деновиве го преплави инстаграм со крофни во различни бои и подароци за поканетите ликови од модната сцена.

 

Настанот ќе се одржи од 1 до 3 ноември во Музејот на град Скопје, со следната програма: