fbpx

Мобилната апликација „Мој воздух“ ќе ве информира колку отров дишете

-

Корисниците на телефони „андроид“ веќе четири дена имаат можност да ја користат апликацијата наречена „Мој воздух“, што ги покажува податоците од загадувањето на амбиеталниот воздух. Со апликацијата може да изберете која било од мерните станици и загадувачките супстанци, при што се појавува илустрација со круг која покажува колку е моменталното загадување измерено на таа мерна станица. Доколку загадувањето е многу високо, кругот е црвен, а доколку е ниско кругот е зелен.

На апликацијта под кругот пишува која е горната граница за одредената загадувачка супстанца и колкупати е таа пречекорена. Под тоа има препораки, причините кои го предизикуваат тоа загадување и опција да се види дневното загадување на графикон. Апликацијата, која од неделата е пуштена на андроид-маркетот, досега е симната повеќе од 1.000 пати. Со инсталирање на апликацијата, постои можност преку нотификација да бидете известени кога загдувањето е поголемо од дозволеното ниво за селектираниот регион.

Освен мобилната верзија, постои и веб-верзија на апликацијата, која е достапна тука.

Загадувањето во Скопје, измерено во 11 часот утринава, изнесуваше 259 микрограми на еден кубен метар што е за повеќе од петпати од дозволените 50 микрограми.

Освен во во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба и на мерната станица Ректорат, енормно загадено беше и во Тетово, Кавадарци и на мерните станици Битола-2 и Велес-2, каде нивото на канцерогените ПМ10-честичките беше на многу високо ниво.

Во Миладиновце, Кичево и на мерната станица Битола-1, нивото на ПМ10-честичките беше високо, а во Кочани на средно ниво. Во Центар и во Карпош се забележува и многу високо ниво на ПМ2,5-честички, а во Лисиче високо ниво на јаглероден моноксид.

Како и претходните денови, загадувањето на воздухот е највисоко во вечерните часови, од 22 од 1 часот по полноќ. Вчеравечер во 1 часот по полноќ, во скопската општина Лисиче забележани беа 900 микрограми на еден кубен метар од суспендираните ПМ10-честички, во Гази Баба речиси 900 микрограми на еден кубен метар, а во Битола 650 микрограми. Во Тетово, во 21 часот, забележани беа 1.000 микрограми на еден кубен метар.

Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички и во наредните два дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...