МО: СДСМ нема елементарни познавања за набавката на опрема и за модернизацијата на АРМ

-

Модернизацијата на Армијата на Република Македонија е сериозен процес, на кој Министерството за одбрана, Генералштабот и Армијата пристапуваат професионално, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана на денешното соопштение на СДСМ, во кое опозициската партија бара министерството да го поништи тендерот за набавка на опрема вредна 250 милиони евра.

„Министерот Јолевски повеќепати, вклучително и вчера, на неколку национални телевизии детално информираше за овој значаен процес. Сепак, уште еднаш ќе појасниме дека целата модернизација (набавка на нова опрема и ремонт) ќе чини нешто повеќе од 300 милиони евра, вклучувајќи и ДДВ, а без ДДВ и царина околу 250 милиони евра. Затоа, изненадени сме од фактот што СДСМ упорно тврди дека набавката на оклопни возила ќе чини 250 милиони евра. Процесот за аквизиција сè уште не е завршен, но сигурни сме дека цената за набавката на оклопните возила ќе биде неколкупати помала. Кога се коментираат работи поврзани со националната одбрана, заради значењето на областа, треба да бидат издржани и базирани на факти и на анализи, а не на шпекулации“, стои во реакцијата на Министерството.

Оттаму велат дека постапката е спроведена со најголема сериозност, а во неа, според министерството, биле вклучени професионалци – припадници на Армијата, кои ги кажале нивните потреби, барања и ги дефинирале спецификациите за опремата што треба да се набави.

„Како што посочивме многупати досега, во процедурата на набавка ќе бидат земени предвид единствено понудите што ги исполнуваат строгите услови во согласност со НАТО-стандардите, по што како домаќинска Влада и Министерство, предвид ќе ја земеме и цената. Споменатите оклопни возила се дел од партнерските цели на Република Македонија за членство во НАТО. Во поглед на одржувањето на борбените системи, би сакале да истакнеме дека доколку СДСМ ги следеше вчерашните интервјуа на министерот Јолевски, ќе знаеше дека токму во тендерската документација се побарува овие системи, вклучувајќи ги и оклопните транспортери, да можат да се одржуваат токму во Република Македонија, од припадници на АРМ кои ќе бидат обучени од производителот“, велат од МО.

Според министерството, плаќањето на опремата ќе се одвива до 2026 година и тоа нема да биде само од еден годишен буџет.

„И најобичниот познавач на оваа проблематика, знае дека вака скапи средства не се набавуваат од еден годишен буџет. Ниту најбогатите земји во светот не го прават тоа. Затоа сосема логично е Македонија да ја исплаќа оваа опрема во подолг временски период, во кој, повторно, ќе внимаваме да имаме најдобра и економски најисплатлива понуда“, додаваат од Министерството за одбрана.

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...