fbpx

МНТ со „Магбет“ ќе го отвори фестивалот „Војдан Чернодрински“

-

Со претставата „Магбет“ од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Македонскиот народен театар (МНТ) – Скопје, вечерва во Прилеп на сцената од центарот за култура „Марко Цепенков“ се крева завесата на годинешното 54. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во официјална конкуренција, покрај „Магбет“, ќе бидат изведени уште седум други претстави. Според уметничката директорка на фестивалот, Катерина Коцевска, македонскиот театар во споредба со другите театри на Балканот бележи голем напредок и развој.

„Годинава Министерството за култури го испочитува нашето барање, така што има покачување на наградите и за животно дело и за сите други награди. Точната сума е транспарентна, четири милиони денари. Тука се и спонзорите кои што ни дадоа поголеми суми. Македонскиот театар, македонското глумиште е на многу високо место во регионот. Овој Фестивал сакам да е можност да се претставува пошироко. Проблемите кои се случуваат во театарот се нешто што се случува секаде, но ние многу успешно водиме“, вели Коцевска.

Ова 54. фестивалско издание ќе понуди нови содржини. Ќе се обноват некогашните разговори на тркалезната маса, што ќе се одржуваат веднаш по претставите и на кои што ќе може да земат учество освен театарските критичари и актерите, режисерите, но и публиката. Годинава за прв пат се воведува награда од публиката: статуетка во форма на раце што аплаудираат. Наградата ја обезбедува Општина Прилеп.

На свеченото отворање на Фестивалот ќе бидат доделени наградите за животно дело на годинешните лауреати, режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку. Во чест на наградените, пред почетокот на претставата, виртуозот на гитара Влатко Стефановски ќе одржи свој концерт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...