МНТ од утре ќе емитува претстави на нивниот Јутјуб канал

Македонски народен театар ќе емитува неколку претстави од нивниот репертоар на нивниот Јутјуб канал од утре со почеток од 20 часот.

Преставите се со следниот редослед „Сомнително лице“ (18 март), „Изгубени Германци“ (19 март),  „Парите се отепувачка“ (20 март), „Да тргнеме Сењор“ (23 март) и „Мајсторот и Маргарита“ (24 март).

„Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн,“ порачуваат од МНТ.