МНТ ги откажа сите настани до 22 март

На граѓаните кои купиле билети, ќе им бидат вратени парите

Фото: МНТ

Македонскиот народен театар ги откажа сите настани во периодот од утре до 22 март, по огромната трагедија во која загинаа 59 лица во пожар во дискотека во Кочани.

Од МНТ информираат дека на граѓаните кои купиле онлајн билети средствата ќе им бидат рефундирани на сметка, додека пак, билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат секој работен ден од 12 часот.