Министерствтото за надворешни работи денеска објави девет огласи за вработување на вкупно 14 лица. Во огласите се бараат кандидати за вработување како соработници и референти.

Се нуди вработување за работните места: соработник за пошироко соседство, соработник за Централна Европа, соработник за национален визен информациски систем, соработник за акредитации, соработник за Совет на Европа, соработник за НАТО, самостоен референт за административни работи, самостоен референт – архивар, виш референт за дистрибуција, соработник за дипломатски архив, соработник за сметководство…

Платите во зависност од работното место се движат до 17.734 денари.