fbpx

МНР: Обезбеден транспорт на наши државјани во Одеса

-

Од Министерството за надворешни работи информираат дека во соработка со партнерски земји обезбедиле транспорт за евакуација на нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Одеса, Украина.

„Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување.

Дополнително, министерството за надворешни работи прави напори да обезбеди начини за евакуација и за нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Харков и Киев, за што дополнително ќе информираме.

Дополнително, во текот на денот, Министерството за надворешни работи имаше неколку јавувања од наши граѓани, транспортери на камиони, кои заради воените дејствија во Украина беа заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница. Амбасадите во Букурешт и Варшава, цел ден активно комуницираат со полските и романските власти, а се обидуваат и преку украинските конзулати во Романија и Полска да им помогнат на овие наши превозници за да ја напуштат украинската територија без да претрпат економски последици. Истовремено апелираме до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да им ја гарантираат нивната безбедност“, наведено е во соопштението од МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...