fbpx

МНР: Македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина

-

Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Северна Македонија, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава во претстојниот период да избегнуваат патувања во Украина.

Дополнително, сите македонски државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.

„Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви: +380442877882; +380663951190; е-mail: [email protected], се наведува во соопштението на МНР.

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].

Од Министерството за надворешни работи велат дека ќе продолжат да ги следат состојбите во Украина и навремено да информираат за евентуални насоки за постапување за нашите државјани. Воедно, тие повикуваат да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...