МНР: Македонските државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран

Во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран

Фото: Мета.мк

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска апелираше до сите македонски државјани да се воздржат од било какви патувања кон Израел и Иран и земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба. Заради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, МНР побара сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

„Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај, информираат од Министерството.

Македонските државјани дека при евентуална потреба од помош можаат да се обратат на Амбасадата во Тел Авив на броевите +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, Е-поштата [email protected] или во министерство за надворешни работи и надворешна трговија на +389 75 273 732 и +389 75 268 736 или на Е-пошта [email protected].

Од Министерството информираат дека е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и ќе ја информира јавноста за сите новини навремено.