fbpx

МНР: Лавров манипулира со религиозните чувства на православните верници

-

Манипулација со чувствата на православните верници и обид за промоција на своите геополитички ставови. Вака македонското Министерство за надворешни работи ги окарактеризира тврдењата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во интервјуто за Асоцијацијата „Наше Кино“ кое беше објавено на официјалната веб-страница на руското МНР.

„Во интервјуто се манипулира со религиозните чувства на православните верници во нашата држава и се користи добивањето на автокефалноста на МПЦ- ОА за промовирање на своите геополитички ставови“, се вели во реакцијата на македонското МНР.

Оттаму додаваат дека овој историски настан никој не смее да го присвојува како свој успех, „особено не оние кои прикриено се противеа на ваквиот чин“.

Од МНР велат дека интервјуто е во неприфатлив контекст, и посочуваат дека од независноста на Македонија до денес постои силно меѓуетничко и надпартиско единство за членство во Европската Унија.

„Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за ваквата надворешно-политичка ориентација на земјава“, велат од МНР додавајќи дека таквите одлуки за зачленување во меѓународни сојузи, како и секоја друга суверена држава ги донесуваме водени исклучиво од сопствени интереси со поддршка од најголемиот број на граѓани.

„Во изминатите години сите политички чинители даваа значаен придонес во имплементација на ваквите стремежи“, се вели во реацијата на МНР.

Тие потсетуват дека денеска, Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, која заедно со сојузниците е целосно посветена на сочувување на меѓународниот мир и безбедност при што „најостро се спротивставуваме на сите кршења на меѓународното право, каков што е случајот со агресијата врз Украина“.

„Истовремено постојано се бориме против сите злонамерни влијанија од трети држави со цел мешање во нашите внатрешни работи“, соопшти МНР.

Во интервјуто, Лавров го поздравува „обновувањето на евхаристиското заедништво меѓу српската и македонската црква“, што, според него, значи автоматско враќање во заедница на овие две цркви со Руската православна црква.

Лавров вели оти тоа била разумна одлука на Српската православна црква и на српскиот патријарх Порфириј.

„Мислам дека ова е мудра одлука. Ова ни овозможува да ја обновиме евхаристиската заедница со Руската православна црква, за што ние сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе му служи на доброто на православието“, завршува Лавров.

Лавров: Западот од Македонија и Црна Гора прави „алатки“ во антируската игра, исто како Украина

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...