fbpx

МНР испраќа дипломатска екипа во Украина, ќе ги водат процесот на евакуацијата на нашите државјани

-

Соодветно на состојбите на терен, Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, и тоа во состав на актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов, заедно со уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе го водат процесот на терен при асистирањето на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, соопшти денес МНР.

Воедно информираат дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сѐ уште на Украинска територија како и нивни членови на семејство украински државјани.

„Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сѐ до нивното напуштање на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава“, велат од МНР.

Од таму информираат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, и оттука движењето е бавно.

Министерството нагласи дека продолжува одблиску да ја следи состојбата и за секоја нова промена соодветно ќе ја информира јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...