МНР го отповика амбасадорот од Чешка, Најчевска тврди хајка е поради критичките настапи

Министерот Османи изјави дека го отповикал Сашко Тодоровски од функцијата амбасадор во Чешка, додека професорката Мирјана Најчевска тврди дека нејзиниот сопруг си поднел оставка од амбасадорската функција

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг информираше дека македонскиот амбасадор во Чешка, Сашко Тодоровски е отповикан од функцијата поради констатирани нерегуларности во извршувањето на мандатот.

„Има констатирано нерегуларности во извршувањето на мандатот, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци“, изјави министерот Османи.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во изјава за „360 Степени“ потврдиле дека претседателот Стево Пендаровски потпишал указ за отповикување на амбасадорот Тодоровски, но и додаваат и дека на почетокот на годината Тодоровски писмено доставил оставка на позицијата амбасадор на земјава во Прага.

Сопруга на досегашниот амбасадор во Чешка, Тодоровски е универзитетската професорка Мирјана Најчевска.

Во објава на Фејсбук, Најчевска потврдува дека нејзиниот сопруг си поднел оставка од амбасадорската функција.

Најчевска пишува дека министерот за надворешни работи започнал хајка против нејзиниот сопруг заради нејзините критички настапи како професор и експерт и заради несогласувањето на сопругот како амбасадор во Прага со начинот на функционирање на министерството кое Османи го приватизирал.

„Мојот сопруг не се согласи со барањето на Османи (кој самиот изјави дека одговара единствено пред Али Ахмети) да го известува него и само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор“, пишува Најчевска, додавајќи дека Османи ги прекршил Уставот и законите.

Најчевска додава дека нејзиниот сопруг пред неколку месеци доставил претставка до Владата и до Претседателот на државата, но никој не реагирал на наводите во дописот во кој биле посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела.

Професорката Најчевска пишува и дека сопругите и сопрузите на амбасадорите добиваат средства во висина од 10 отсто од платата на амбасадорот не за да се шетаат и да се проводат, туку за извршување на дипломатски задачи кои им ги доделува амбасадорот.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...