Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани, кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат при првите можни и безбедни услови. Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни.
Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на РСМ, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
