fbpx

МНР ги мапирало македонските граѓани во Украина, вработените во амбасадата обезбедени

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг информираше дека сите македонски државјани што се наоѓаат во Украина се мапирани и нашата амбасада во Киев ги има контактирано. Тој денеска повтори дека семејствата на двајцата македонски дипломати во Украина се повлечени, додека во земјата остануваат 30 наши набљудувачи на ОБСЕ во рамките на Специјалната мониторинг мисија.

Тој информираше дека 12 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, додека до останатите сограѓани е испратен апел уште во текот на минатата недела да се вратат во земјава додека и понатаму функционираат редовните комерцијални летови.

На македонските дипломати во Киев им се уплатени за три месеци однапред платите и киријата, поради страв од крахирање на тамошниот финансиски систем. Со ова се создадени сите услови за функционирање на нашата амбасада во Украина и во наредниот период.

Министерот Османи додаде дека повлекувањето на македонските набљудувачи од ОБСЕ од Украина е поспецифично поради тоа што Северна Македонија е дел од претседавањето со ОБСЕ и треба да внимаваме какви пораки ќе испратиме во однос на мониторинг механизмите на Организација за безбедност и соработка на Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...