fbpx

МНР е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во Казахстан

-

Министерството за надворешни работи редовно ја следи состојбата во Казахстан и преку нашата Амбасада во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации.

„Засега само двајца наши државјани се обратиле до амбасадата, поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено; но, ниту еден од спонематите не се наоѓа во загрозена состојба. Остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба. Дополнително, информираме дека дипломатскиот персонал во нашата Амбасада во Нур-Султан не е загрозен и дека без прекин ги извршува работните задачи. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи случувањата во Казахстан и ќе излезе со дополнителни препораки за нашите државјани, доколку за тоа се јави потреба“, се вели во сопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...