fbpx

Мнозинството не го напушта Собранието дури не се гласа за нов спикер

-

Пратениците на парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, попладнево остана во пленарната сала на Собранието на Република Македонија откако претседавачот, Трајко Вељаноски, го прекина денешното 20. продолжение. Пратениците на СДСМ, ДУИ, Беса и на Алијанса на Албаниците одбиваат да ја напуштат салата и бараат да се гласа за избор на нов претседател на Собранието.

Во салата се и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои, како што велат, остануваат за да го чуваат Уставот и деловникот на Собранието. Пратениците бараат гласање за избор на нов претседател на Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ нови предвремени парламентарни избори.

Атмосферата во Собранието се вжешти во последниот час од денешното продолжение, откако пратениците на СДСМ станаа од своите места, а нивниот колега, Оливер Спасовски, побара да се гласа за преминување на четвртата точка од дневниот ред – избор на нов претседател на законодавниот дом.

– Барам поддршка од 10 пратеници, не од 10, туку од сите од мнозинството, да станат да ги видат граѓаните. Овој предлог треба да биде ставен на гласање и Собранието да одлучи како ќе продолжи со својата работа – рече Спасовски.

На ова процедурално реагираа Илија Димовски и Крсто Мукоски, кој во еден момент од собраниската говорница почна да ја пее македонската химна, на која станаа сите присутни во салата.

Откако ја испеа химната, пратениците на СДСМ почнаа да скандираат „гласање“, додека нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „избори, избори“.

Пред Вељаноски да го прекине денешното продолжение на седницата, Зеќирија Ибрахими испеа дел од албанската химна.

Пратениците во тие моменти ја запеаја „Едно име имаме“, а по нив се огласија и пратениците на СДСМ со „Шутка не ти бега Никола“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...