fbpx

ММФ: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав

-

Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав, оцени тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој што престојуваше во нашата земја заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија. Во текот на изминатитe денови тимот оствари повеќе работни средби со претставници на Народната банка и на Министерството за финансии.

Во Заклучокот на тимот на ММФ е укажано и на фактот дека Народната банка соодветно ги искористила поволните услови за зголемување на девизните резерви. Според тимот на ММФ, во иднина, доколку дојде до влошување на надворешното окружување, Народната банка треба да биде подготвена да ја заостри монетарната политика.

Банкарскиот систем, според оцените на тимот на ММФ е здрав, добро капитализиран и ликвиден. Тековните активности за окрупнување на системот ќе придонесат за негово консолидирање и за подобрување на неговата ефикасност. Тимот на ММФ оценува дека преземањето чекори за натамошно зголемување на денаризацијата на депозитите, заедно со внимателно осмислените мерки за намалување на девизното кредитирање на домаќинствата, доколку е тоа потребно, ќе придонесе за натамошно зајакнување на отпорноста на нашиот финансиски систем.

„Во Заклучокот на тимот на ММФ се истакнува дека дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност и натаму е приоритет. Истовремено е изнесена позитивна оцена за продолжувањето на активностите за зајакнување на супервизорската и регулаторната рамка. Овие активности се преземени во согласност со Програмата за детална проценка на финансискиот сектор (ФСАП) којашто беше спроведена минатата година“, се вели во соопштението на Народна банка.

 Тимот на ММФ порачува дека е важно да се остане на патот на реформите, со цел дополнително да се подобри отпорноста на нашата економија на шокови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...