fbpx

ММФ: Корупцијата и слабите институции го кочат економскиот развој

-

Реформите на институциите, како зајакнување на владеењето на правото и контрола на корупцијата, се клучни за зајакнување на можноста за економски раст и за зголемување на приходите, нагласува Меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај за Македонија.

„Македонија страда од широко распространета сива економија“ истакнува ММФ, и тоа го објаснува со високата перцепција на корупција и слабиот квалитет на јавните институции, кои, според експертите, можат да ја поткопаат довербата и да ја намалат даночната дисциплина. Според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнл“, Македонија е рангирана 13 места пониско од лани и е на 106 место. Истовремено, истражувањето на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата покажува дека најголем дел од одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата се однесуваат на јавните услуги (28 отсто) и образованието (24 отсто), а во врска со постапки за вработување и контрола на судир на интереси.

„Иако економскиот раст во минатите две децении беше солиден, не беше доволен за значително да го намали големиот јаз во приходите меѓу Македонија и ЕУ. За да се забрза развојот, неопходно е да продолжат реформите за подобрување на јавната администрација, владеењето на правото и контрола на корупцијата“, наведува ММФ.

Приоритет треба да биде зајакнување на ефикасноста и доследноста на администрацијата за контрола на приходи, придружено со мерки за зголемување на јавната доверва во институциите и даночната дисциплина, стои во изјавата што со извештајот ја објави извршниот одбор на ММФ.

ММФ наведува дека од 2000 година, новите членки и земјите кои почнале преговори за членство во ЕУ имале двојно побрз развој на економијата од Македонија и двојно побрзо го премостувале јазот со земјите од ЕУ.

„Реформите на институциите се критични за засилување на економскиот раст. Докажано е дека тоа е поврзано со напорите на новите членки на ЕУ да го подобрат квалитетот на институциите во годините (на преговори, н.з.) додека се подготвуваат за членство, затоа што квалитетот на институциите позитивно влијае на повисок раст на БДП. Затоа, Македонија треба да го продолжи напредокот во областите како владеење на правото и контрола на корупцијата за да го подобри деловното опкружување, животниот стандард и да напредува во пристапувањето кон ЕУ“, се нагласува во извештајот, во кој ММФ оценува дека во минатите неколку години Владата почнала важни реформи.

ММФ нагласува дека оценките на Македонија во впечатокот на граѓаните за контрола на корупцијата и за владеење на правото се значително пониски од новите членки на ЕУ, а слични со другите земји од Западен Балкан.

„Слабите институции и високата корупција ја намалуваат мотивираноста за водење регистриран, легален бизнис, а во земјите со висок впечаток за политичка корупција даночното затајување е поприфатено.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...